Перишиќ: Меси сака светска титула? Сакаме и ние…

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Репрезентацијата на Хрватска повторно ги надмина очекувањата од спортската јавност и ќе игра ново мунфијалско полуфинале.

Селекцијата предводена од Златко Далиќ одигра добар натпревар против фаворизираниот Бразил и дојде до место помеѓу најдобрите четири. Сега ги чека нов јужноамерикански предизвик, а во Хрватска се надеваат дека ќе го повторат успехот од Светското првенство во Русија.

За медиумите пред натпреварот зборуваше фудбалерот на Тотенхем, Иван Перишиќ. Перишиќ истакна дека како и Меси и тие ја посакуваат светската титула.

„Навистина е прекрасно чуството да играте второ полуфинале во низа, но ние сакаме да имаме и второ финале. Очекувам сличен натпревар како против Англија пред четири години. Тогаш Англија имаше добар тим, сега има и Аргентина. Мораме да бидеме на нивото како и против Бразил, ако играме така се е можно. Меси сака да ја освои титулата? Па ја сакаме и ние. Сигурно дека затоа ќе бидеме 100% спремни“, изјави Перишиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот