Пендаровски ја прими претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на нејзино барање, ја прими претседателката на политичката партија Глас за Македонија, Солза Грчева.

Грчева ги пренесе ставовите на нејзината политичка партија во врска со изборниот систем, финансирањето на политичките партии и медиумското претставување на политичките партии во изборниот период.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, го повтори својот став дека дава поддршка на иницијативата на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до Кабинетот на претседателот, за изборниот модел преку измена на изборниот законик.

„Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото, и правото на фер и слободни избори, се важен фактор за европските интеграции на државата, а во функција на просперитетот на Македонија“, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот