Патријархот Вартоломеј позитивен на ковид

Вселенскиот патријарх Вартоломеј / Фото: МИА

Вселенскиот патријарх Вартоломеј е позитивен на коронавирусот, соопшти денеска Цариградската патријаршија.

Во соопштението се истакнува дека 81-годишниот патријарх е целосно вакциниран и има само благи симптоми на ковид-19, пренесува Ројтерс. Неговата општа состојба е добра.

Откако му бил дијагностициран ковид, патријархот отишол во болница во Истанбул на дополнителни превентивни прегледи.

Патријархот им се заблагодари на сите кои се интересираат за неговото здравје и ги повика сите да ги следат препораките на лекарите, а оние кои не се вакцинирани да се вакцинираат за свое, но и за доброто на општеството.

Вселенскиот патријарх е духовен водач на околу 300 милиони православни христијани ширум светот, со седиште во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот