Патничка презела контрола и принудно слетала во Масачусетс, откако на пилотот му се слошило

Авион
Авион, илустрација / Фото: EPA-EFE/ANA ESCOBAR

На пилот кој управувал со мал патнички авион вчера му се слошило, а патинчка презела контролата над леталото и принудно слетала во Масачусетс.

Несреќата се случила во саботата попладне во близина на аеродромот Западен Тисбери во Масачусетс.

На 79 годишниот пилот му се слошило при последното приближување на авионот до аеродромската писта, соопшти државната полиција на Масачусетс, наведувајќи дека „поради тешко принудно слетување од пистата, левото крило на авионот се поделило на половина“.

Властите не ги соопштија имињата на луѓето во авионот, но потврдија дека и двајцата се пренесени во болница.

По укажаната прва помош, пилотот е пренесен во болница во Бостон и неговиот живот е во опасност, додека патничката е неповреден и пуштена од локалната болница, соопшти полицијата.

Авионот „Пајпер Меридијан“ од 2006 година полетал од округот Вестчестер, Њујорк во саботата попладне, а полицијата во соопштението истакна дека и пилотот и патничката живеат во американската сојузна држава Конектикат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот