Партизан го „положи“ летонскиот тест, европски победи за Ашковски, Николов..! (ВИДЕО)

фото: twitter.com/FKPartizanBG

Денеска се одиграа голем број на натпревари од првото квалификациско коло на Лига Европа, а свое учество имаат и македонските интернационалци во своите клубови.

Претходно објавивме за нашите екипи Шкендија и Ренова кои имаа успешен старт, а елиминиран е составот на Шкупи.

Успешни Шкендија и Ренова во Лига Европа, пораз на Шкупи!

Партизан на теренот во Белград со 1:0 триумфираше наед РФС од Летонија, стрелец во 52 минута беше израелскиот интернационалец Натхо од пенал.

Од нашите фудбалери во странство, Стефан Ашковски го одигра скоро целиот меч во триумфот на Ботошани во Казахстан против Ордабаси (1:2). За романската екипа на клупата за резерви остана Давид Бабунски.

Теута како домаќин со 2:0 го елиминираше израелскиот Беитар Ерусалим, целиот меч за албанскиот клуб го одигра Благоја Тодоровски, а на клупата за резерви остана голманот Боби Целески.

Ѓилани во Приштина е поразен (0:2) од кипарскиот АПОЕЛ, а во редовите на косовската екипа Мухамедин Усеини на теренот беше 77 минути.

МОЛ Фехервар на пенали со 4:2 беше подобар од ирскиот Бохемијанс, а во серијата прецизен за унгарскиот состав беше Бобан Николов кој во игра влезе од 101 минута кога во тек беа продолженијата. После регуларниот дел беше 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот