Паркер кажа доста е, стави крај на кариерата

Тони Паркер на 37. години одлучи да ја заврши богатата кошаркарска кариера. Четирикратниот НБА шампион кој шест пати беше учесник на Ол стар натпреварите одлучи да ја заврши кариерата бидејќи повеќе не може да игра на највисоко ниво.

– Многу емоции се вклучени во крајот на мојата кошаркарска кариера. Ова беше неверојатно патување кое не можев да го замислам ниту во најлудите соништа. Се што доживеав во НБА и со француската репрезентација…. Благодарам за се. Долго време размислував, и многу фактори влијаеја на мојата одлука. Знам дека не можам повеќе да бидам оној стариот Тони Паркер и да ја освојам титулата. Тоа беше клучно за оваа одлула – изјави Паркер.

Паркер во НБА лигата влезе во 2011 година како 28. избор на драфтот. Во сите 17 сезони, тој со Сан Антонио успеваше да игра во плејофот, четири пати ја освои титулата, а во 2007 година беше МВП на финалето.  Минатата сезона ја мина во дресот на Шарлот хорнетс но не успеа да обезбеди пласман во плејофот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот