Париз: Москва да ги отстрани нејаснотиите за примирјето во Нагорно-Карабах и улогата на Турција
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан ја повика денеска Русија да ги отстрани нејаснотиите поврзани за примирјето во Нагорно-Карабах, посебно за улогата на Турција и странските борци.
– Прекинот на огнот беше од суштинско значење за спасување на илјадници животи, но постојат нејаснотии, истакна Ле Дријан пред Парламентот, мислејќи на договорот меѓу Азербејџан и Ерменија под покровителство на Русија.
Според него, „потребно е да се отстранат нејаснотиите за бегалците, разграничување на прекинот на огнот, присуството на Турција, враќањето на странски борци, почетокот на преговорите за статусот на Нагорно-Карабах”.
Азербејџан и Ерменија минатата недела потпишаа договор под покровителство на Русија, со кој се прекинуваат повеќенеделните судири во Нагорно-Карабах, отцепен регион на Азербејџан со мнозинско ерменско население.
Со цел да се набљудува почитувањето на примирјето, Москва во последните денови почна да распоредува свои мировни сили.Иако Турција не се споменува во договорот, Анкара веднаш најави дека нејзини војници ќе учествуваат во координацискиот центар.
Анкара е обвинета дека го поддржува Баку со испраќање протурски исламистички бунтовници од Сирија. Шефот на француската дипломатија затоа смета дека заминувањето на странските борци претставува „основен елемент за стабилноста на регионот”.
Извор: МИА
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
44мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


