Фото: Инстаграм

Папата се сретна со жртви – католички свештеници сексуално ги злоставувале како деца

Петнаесетмина жртви на сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници во Белгија синоќа имаа средба со папата Лав Четиринаесетти во Ватикан, при што побарале од него разрешување на претседателот на белгиската Бискупска конференција, надбискупот Лук Терлинден.

Состанокот се одвивал „во клима на близина со жртвите, слушање и дијалог“ кои биле и длабоки и болни а завршил со интензивна молитва.

Групата била придружувана од членови на комисијата за заштита на малолетници која продолжува напорно да работи со црквата во Белгија на прашања за подигнување на нивото на безбедност.

Повеќето од оние што оствариле средба со папата претходно се сретнале со него и во Белгија во септември 2024 година. Тогаш на жртвите им била понудена можност да ги споделат своите искуства и надежи во врска со посветеноста на католичката црква да превенира злоупотреби и да ги поддржи жртвите.

Белгија е во голем дел католичка земја, каде Белгиската католичка црква ја тресат серија скандали за злоупотреби во изминатите години.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот