Папата отвора летен камп за децата на вработените во Ватикан

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Ватикан организира летен камп наречен „Детско лето во Ватикан“ за деца на возраст од 5 до 14 години.

Децата на вработените во Ватикан може да почнат да се радуваат на летото, да пливаат во базени и да играат тенис во дворот кадешто папата ги одржува своите аудиенции, пишува Ватикањус.

Ватикан организира летен камп наречен „Детско лето во Ватикан“ за деца на возраст од 5 до 14 години.

Понудата е наменета за децата на оние родители кои биле под посебен притисок за време на карантинот, додека училиштата биле затворени, се вели во објавата.

Во кампот, кој ќе се отвори на 1 јули, ќе се одржуваат и часови за духовно поучување под слоганот „Среќа и блаженство“, а тимските спортски натпревари ќе се одржуваат во согласност со посебните правила за физичка дистанца.

Претходните папи жешките летни месеци ги минуваа во папската летна резиденција во Кастел Гандолф во близина на Рим, но папата Франциск за време на летото останува и престојува во Ватинак, а резиденцијата Кастел Гандолф ја претвори во музеј.

Градините на Ватикан се наоѓаат зад високите sидови и се достапни за туристите само со посебна резервација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот