Папата Франциск го осуди терористичкиот напад во Москва

Папата Франциск / Фото EFE/MAURIZIO BRAMBATTI / POOL

Папата Франциск денеска го осуди терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во близина на центарот на Москва и оцени дека тоа е гнасен, злобен чин со кој се навредува Бог.

Папата рече дека ги упатил своите молитви до жртвите на терористичкиот напад, пренесуваат британските медиуми.

-Ги упатувам моите молитви до жртвите на гнасниот терористички напад во Москва. Господ да ги прими во свој мир, да ги утеши нивните семејства и да ги преобрати срцата на оние кои вршат такви нечовечки постапки кои го навредуваат Бога, рече папата Франциск по мисата на плоштадот Свети Петар.

Според ажурираните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, во терористичкиот напад што се случи во концертната сала „Крокус“ ​​во близина на Москва загинаа 133 лица, а бројот на повредени се зголеми на 152, од кои 114 се хоспитализирани, јавија руските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот