Паника во германско основно училиште: Со нож нападнати ученици, повредени две девојчиња

Фото Твитер

Рано утрово во германско основно училиште во градот Илеркирхберг, јужно од Улм во покраината Баден-Виртемберг, се случи инцидент откако непознат напаѓач нападна ученици со нож.

Неидентификуваниот напаѓач нападнал и тешко повредил две деца во заедницата од 4.700 жители. Сведоците веднаш повикале полиција и итна помош, а болничарите ги префрлиле двете девојчиња за кои се верува дека се на возраст од 13 и 14 години и ги однеле во болница со тешки повреди.

Напаѓачот побегнал во станбена зграда, најверојатно засолниште за бегалци. Сѐ уште не е јасно дали живее таму. Полицијата ја опколила зградата, упаднала во неа и ги уапсила сите станари, вклучително и насилникот. Мотивот на напаѓачот се уште не е познат.

Исто така, не е јасно дали децата и насилникот се познавале бидејќи истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот