„Пандевци“ загубија, но среќни се што македонскиот фудбал „доби“ ВАР!

фото: твитер

Академија Пандев не може да се помири со поразот на гостувањето кај Македонија ЃП во Првата лига, а како главни виновници ги одвојува судиите…

ФК Академија Пандев ја продолжува негативната серија на резултати во домашниот шампионат, загуби изминатиот викенд во Скопје од Македонија ЃП.

Струмичкиот клуб не беше задоволен од судиските одлуки, по што се огласи на социјалните мрежи…

Пораз од 1-0 на гостувањето во Скопје на екипата на Македонија Ѓорче Петров. По неколку неискористени шанси и на двете екипи, на крај домаќините со гол од пенал во 97. минута од натпреварот ги освоија трите бода.

– Комичните одлуки на судиите Марјан Маркоски и Благојче Ралевски сепак на крај го решија победникот на натпреварот. Најпрво Маркоски поради повреда ги замени позициите со четвртиот судија Ралевски кој стана главен судија и му додели црвен картон на нашиот играч Стефан Костов во момент кога во игра имаше две топки, една со која нашиот бек Јованов изведе аут кон централниот дефанзивец Костов, и уште една топка во рацете на Костов дофрлена од надвор.

Наместо судијата Ралевски да ја прекине играта и едната топка да биде исфрлена надвор, играта продолжи и играчите на Македонија ЃП ја зедоа топката кој ја додаде Јованов кон Костов и продолжија со игра, а Стефан се најде во ситуација да не бира средства како да ја запре играта. И кога сите помислија дека тоа ќе биде „најспорниот“ момент на натпреварот, на сцена стапи судијата Марјан Маркоски.

Во последната минута од судиското надополнување Најденов ја удри нафрлената топка во шестнаесетникот на која играчите на Македонија ЃП бараа пенал. Главниот судија и помошникот кои беа на неколку метри не забележаа ништо и играта продолжи.

На наредниот прекин Маркоски во улога на четврти судија го повика Ралевски и му сугерираше да ја врати играта и да досуди пенал поради играње со рака на Најденов. Ете можеби ние изгубивме натпревар, но среќни сме што македонскиот фудбал доби ВАР – напиша ФК Академија Пандев на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот