Пандевци со покер голови ја почестија ЦСКА Софија

Академија Пандев /Фото: ФК Академија Пандев/facebook

Екипата на Академија Пандев со убедлив триумф од 4:0 над ЦСКА Софија ги заврши подготвките во Анталија, Турција,

Сашко Пандев во 34 минута го отвори резултатот, на 2:0 зголеми Бакар 53. минута,  потоа во 64. минута Димоски и во 73. минута погоди и Ѓорѓиев за убедлив триумф.

Пандевци на подготвките остварија уште две ремија против Нови Пазар (1:1) и Крилја Советов (0:0) и еден пораз од Лапи (0:2).

И лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, Шкупи, ги заврши настапите на подготовките во Анталија. Шкупи ремизираше против Ахмат Грозни играјќи 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот