Пандемијата и војната во Украина им ги испразни џебовите на Германците, сега плаќаат за над 40% поголеми сметки

Работници во Германија/ Фото: EPA-EFE/Filip Singer

Германските граѓани денеска плаќаат 41 отсто повеќе за струја, греење и гориво отколку во февруари 2021 година, објави весникот „Берлинер моргенпост“, повикувајќи се на студија на порталот „Веривокс“.

Во извештајот се наведува дека според пресметката, тричлено семејство годишно троши 20.000 киловати енергија за греење, 4.000 киловати струја и поминува 13.300 километри. Такво семејство за енергија и гориво во февруари 2021 година платило 3.772 евра, а денеска за истите сметки треба да издвојат 5.306 евра.

Европската унија се соочува со инфлација и енергетска криза како дел од глобалната економска рецесија по пандемијата. Ситуацијата дополнително се влоши со војната во Украина и западните санкции против Москва, што доведе до прекини во синџирите на снабдување и скок на цените на енергијата ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот