Пандемија за кого како: Богатите станаа двојно побогати, бројот на сиромашни речиси двојно поголем

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот / Фото: Архива на Слободен печат

Групата против сиромаштија Оксфам ги повика владите да воведат еднократен данок од 99% за милијардери во светот

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот – вклучувајќи ги Илон Маск, Џеф Безос и Бил Гејтс – се зголеми за повеќе од двојно за време на пандемијата, а според Оксфам изнесува 1,5 трилиони долари.

Нивниот зголемен профит од почетокот на пандемијата ги направи шест пати побогати од најсиромашните 3,1 милијарди луѓе во светот, соопшти хуманитарната организација, додавајќи дека од март 2020 година речиси секој ден се создава нов милијардер.

Во меѓувреме, за време на пандемијата уште 160 милиони луѓе се принудени на живот во сиромаштија, соопшти Оксфам, цитирајќи бројки од Листата на милијардери на Форбс за 2021 година, Извештајот за глобално богатство на Credit Suisse и Светската банка.

Поради ваквата сѐ поизразена нееднаквост Оксфам ги повика владите да воведат еднократен данок од 99 отсто за милијардерите во светот и да ги искористат парите за финансирање на зголемување на производството на вакцини за сиромашните – што е дел од напорите за борба против глобалната нееднаквост која се прошири поради пандемијата од коронавирус.

Позицијата на супербогатите се зголеми за време на пандемијата благодарение на големиот финансиски стимул што ги зголеми акциите, пишува Оксфам во извештајот наменет за информирање при дискусиите на онлајн собирот на политички и деловни лидери на Светскиот економски форум оваа недела. Во меѓувреме, сиромашните земји претрпеа повеќе од ковид кризата поради нееднаквиот пристап до вакцините, кои претежно отидоа кај богатите нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот