Фото: EPA/MIGUEL ANGEL POLO

Панатинаикос и Ти Џеј Шортс без пласман на Ф4 турнирот во Евролигата

Шпанскиот кошаркарски клуб Валенсија за првпат се пласира на Фајналфорот на Евролигата, откако во средата на домашен терен го победи Панатинаикос со 81:64 во петтиот натпревар од четвртфиналето на плејофот, со што се пласираше во завршницата од натпреварувањето со 3:2, иако грчкиот претставник имаше водство од 2:0 во серијата.

Најефикасен играч во тимот на Валенсија беше Бранко Бадио со 20 поени. Жан Монтеро и Брекстон Ки постигнаа по 12 поени, додека Камерон Тејлор и Серхио де Ларења реализираа по девет.

Најџел Хејс-Дејвис се истакна во редовите на Панатинаикос со 15 поени. Џеди Осман постигна 10 поени, а Кендрик Нан девет. Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс на овој меч помина само 05:45 минути на паркетот со само еден запишан скок.

Шпанија сигурно ќе има свој финалист во финалето на Евролигата оваа сезона, на Ф4 турнирот кој ќе се организира во Атина, составот на Валенсија ќе игра против Реал Мадрид на 22 мај.

Истиот ден во второто полуфинале грчкиот Олимпијакос за противник ќе го има Фенербахче од Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот