Памела јавно го обвини Рами за неверство

Познатата 51-годишна актерка и активистка Памела Андерсон наводно откри дека нејзиното 33-годишно момче Адил Рами ја изневерувал и јавно го осуди преку социјалните мрежи.

– Тешко е да се прифати скршено срце и дека последните две години од мојот живот беа голема лага. Јас се излажав бидејќи бев наведена да мислам дека имаме голема љубов. Скршена сум бидејќи во последните неколку дена дознав дека имал двоен живот. Тој сите ги лажеше. Како е можно да се контролираат срцето и умот на две жени. Сигурна сум дека не бевме само ние, ги има уште. Тој е чудовиште. Како е можно да им помогнам на толку многу луѓе, но не и себеси“, напиша Памела Андерсон на својот „Инстаграм“.

Фудбалерот Адил Рами сè уште не се огласи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот