Палави слонови: Избегале од циркус за да си играат во снегот (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Москва тајмс

Два слона за време на нивниот престој во Русија побегнале од гостувачкиот циркус и започнале да си играат во снегот.

45-годишната слоница Карла и 50-годишниот слон Рони вчера побегнале од циркузот додека на патот кон Санкт Петербуг поминувале во Екатеринбург, пишува „Индепендент“.

Воодушевените граѓани ги снимале како лутаат низ градот и се валкаат по снегот. На видео снимките може да се забележи како еден од слоновите поминува фрекфентна улица и тргнува кон станбена зграда. Притоа го игнорира човекот кој се обидува да го запре.

Карла и Рони патувале со семејството Тогни, една од најголемите италијански циркуски династии која и денес е активна.

– Ние многу ги сакаме нашите животни. Тие ни се како семејство. И тие го сакаат циркузот, но им станало здодевно и бидејќи сега немаше работа. Нашите животни ќе живеат и ќе умрат со нас, не би можеле сами да преживеат во дивината – рече еен од водителите во циркузот, Серген Бондарчук.

На крајот, слоновите се фатени и вратени во циркузот. За целата работа биле потребни десетина луѓе, меѓу нив и мештани, за да ги избуткаат слоновите во камион.

– Слоновите сакаа да имаат авантури пред долгото патување, и тоа го остварија – порачаа од циркузот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот