Паднала во пеколот на проституцијата: Опслужувала повеќе клиенти отколку што нејзиното тело можело да поднесе

Instagram
Instagram

Ова е една многу тажна приказна за млада жена која, како што вели, дозволила нејзиното тело да се претвори во машина со која мажите правеле што сакале. Денес жали за тоа и ги предупредува младите девојки да не ги прават истите грешки.

„Сè започна кога решив да станам „Sugar Baby“, најдов богат спонзор на кого му правев друштво. Патував во Америка со него и бев постојан придружник на неговите патувања две години“, започнува исповедта на Мев Мун , поранешна проститутка од Велика Британија, пишува „Daily Mail“.

Потоа започнала со класична проституција

Првично наплаќав 150 фунти на час и се сеќавам дека клиентот ми ги плати сите 150 фунти веднаш. Го сторивме тоа во мојата студентска соба додека ги држев парите во рака“, вели Мун.

„Овие 150 фунти не се апсолутно ништо, апсолутно ништо. Но, кога сте навикнати да работите за кикирики, за тие 150 фунти, тоа станува навика“, вели таа, истакнувајќи дека првичната возбуда наскоро исчезнала, а зголемената побарувачка во секс индустријата имала негативно влијание на нејзината среќа.

Но, не сакала да престане

Станував сè послаба и послаба. Дозволив моето самопочитување да продолжи да опаѓа, им дозволував на луѓето да ми сè прават полоши и полоши работи“, продолжи девојката.

Им дозволувала на клиентите да бидат насилни кон неа со изговор во нејзината глава: „Барем нема да им го прави истово на други жени“.

Ситуацијата се влошуваше секој ден и се чувствував како да имам блокада во главата. Живеев повеќе како машина, отколку како човек. Во текот на денот опслужував повеќе клиенти, отколку што можеше да издржи моето тело, а притоа, истото го правев шест или седум дена во неделата. Сè потешко ми беше да се справам со тоа“, се присетува.

Кон крајот на 2019 година, добила инфекции на грлото на матката, јајцеводите и јајниците. Била зависна од марихуана, а живеела во стан во центарот на Лондон за кој морала да плаќа висока кирија. Како што вели, сè повеќе го мразела својот живот.

Знаела дека мора да промени нешто додека сè уште има сила. Најпрво заминала на духовно рехабилитација, а потоа го напуштила Лондон и си се заколнала дека никогаш повеќе нема да го продава своето тело.

Започнала да ги предупредува младите жени и да зборува на социјалните мрежи за опасностите од проституција, што на крајот личноста ја уништува психички, физички и духовно. Вели дека ова не е вредно за брзо заработените пари.

Знам дека оваа логика важи за многу работни места, но повеќето од нив не се толку физички и интимно наметливи, и на долг рок психолошки и потенцијално физички штетни како сексуалната работа. Проституцијата е интимна размена на енергија што обично е еднострана (сексуален работник – клиент). Верувам дека ја делите вашата душа со клиентот кога имате секс. Вие земате дел од нивната душа, а тие дел од вашата“, вели.

Таа предупредува дека проституцијата може да остави сериозна траума кај младите девојки, да развие посттрауматско стресно нарушување и да спречи во иднина тие девојки да имаат нормална и сериозна врска со партнер.

Вашето тело е непроценливо и е ваша најверна пријателка што некогаш сте ја имале. Размислете дали би ја продале вашата најдобра пријателка на валкана обложувалница за 10 фунти месечно или за 150 фунти и еден час со нејзиното тело да прават што сакаат и сексуално да ја злоставуваат. Не би го направиле сигурно, затоа што парите не вредат за тоа“, заклучува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот