Биткоин криптовалута / Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Пад за биткоинот на почеток на декември, се тргува по 86.000 долари

На почетокот на месецов биткоинот се најде под силен притисок, од стапките над 126 000 долари во почетокот на октомври, неговата вредност падна за околу 30–35 % на 86.000 долари според Binance. Падот на биткоинот ја погоди и довербата во целокупниот крипто-пазар. Компании и фондови кои имаа големи залихи во BTC, како и фирми поврзани со рударење веднаш почувствуваа финансиски удар.

Во текот на викендот биткоинот се движеше стабилно кон горниот дел од ценовниот канал, со поддршка од позитивните очекувања за декемврискиот пазарен тренд и можната „holiday rally“, која традиционално се појавува кон крајот на годината. Сепак, денес криптовалутата се соочи со засилен притисок од продажби. Неизвесноста е придружена со намален обем на тргување во утринските часови, што дополнително ја засили волатилноста. Binance анализите укажуваат дека пазарот се наоѓа во чувствителна зона: доколку биткоинот не ја задржи поддршката над 86.000 долари, можно е тестирање на пониски нивоа, додека враќање кон 90.000 долари би сигнализирало стабилизација и потенцијален нов раст.

Повисока цена на биткоинот, денес се тргува по 91.337 долари

Што значи ова за инвеститорите? За оние кои имаат биткоини – ова може да е момент за преиспитување на стратегијата: дали да се чуваат долгорочно, или — доколку е ризично да се почека евентуален „отскок“. За нови инвеститори пазарот е екстремно волатилен, можни се нови големи падови, но и шанси за значителна добивка. Важно е да се следат глобалните финансиски трендови – особено одлуките на ФЕД, состојбите со обврзници и движењата на големите инвеститори — бидејќи тие сè повеќе влијаат на криптопазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот