Пациентката која беше сомнителна нема коронавирус

Инаку, како што беше најавено на синоќешната конференција за медиуми, во текот на ноќта сите 9 патници на 5-те локации, 2 во Скопје и 3 во Струмица беа посетени од страна на епидемиолозите од Центрите за јавно здравје во Скопје и Струмица. 

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за корона вирус, кои штотуку пристигнаа, се негативни на вирусот. Пациентката е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје. И двата случаи се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.

Инаку, како што беше најавено на синоќешната конференција за медиуми, во текот на ноќта сите 9 патници на 5-те локации, 2 во Скопје и 3 во Струмица беа посетени од страна на епидемиолозите од Центрите за јавно здравје во Скопје и Струмица.

-Сите патници кои патувале од Италија со пациентката уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР. Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството. На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлување на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација- –  посочи министерот Филипче.

Прочитајте и...  Курти: Ова е најсериозната ситуација по војната во Косово

Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка.

Владата на Република Северна Македонија ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека ДОКОЛКУ во последниве 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето . На тој начин ќе се соберат релевантните информации и ќе им се даде соодветен совет во зависност од ситуацијата.

Прочитајте и...  МЗ: Активно продолжува психолошката поддршка и советување на онколошките пациенти

Прочитај повеќе

Во њујоршки Централ парк ќе никне монтажна болница за болени од коронавирус

МИА Агенција

Салата во која требаше да се одржи Евросонг станува болница

МИА Агенција

Заев: Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани

Слободен печат

Арифи: Шест случаи на коронавирус во тетовскиот регион

МИА Агенција

Србија со зголемување на платите од 10 отсто ќе им се заблагодари на медицинските работници

Слободен печат

Косовското обвинителство покрена истрага против градоначалникот кој спомна братоубиство

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Манчевски: Последното соопштение на КСС е класичен пример на лажни вести

МИА Агенција

Состојба со коронавирусот во светот до 17 часот

Слободен печат

Унгарија: Парламентот ги одобри вонредните овластувања на Владата

МИА Агенција

И покрај шестнеделната блокада, во Италија дневно умираат стотици луѓе

Дејан Андоновиќ

Поведена постапка против 179 лица заради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија

МИА Агенција

Советот за безбедност утре ќе одржи седница

МИА Агенција