ОВАА ЗЕМЈА БАНКРОТИРАШЕ: Економската криза почна пред 18 месеци, а сега не може да ги подмири основните финансиски обврски

Фото: Твитер

Аргентина не може да ги подмири своите финансиски обврски, утврдил претседателот Алберто Фернандез, споредувајќи ја ситуацијата со кризата кон почетокот на векот, најлошата во поновата историја на земјата.

Аргентина е во рецесија – се очекува оваа година економијата да забележи пад од 3,1 отсто.

Економската криза трае веќе 18 месеци, а ескалираше со наглиот пад на вредноста на пезосот, пренесува агенцијата АФП.

– Ситуацијата не е идентична како во 2001 година, но е слична. Тогаш 57 отсто од населението се водеше како сиромашно, а денеска тој процент е 41. Ситуацијата и сега е лоша, денеска не можеме да ги подмириме своите долгови – рекол новиот аргентински претседател.

Шпеклациите за несолвентноста на земјата, Фернандез ги претставил кон крајот на август, уште кога бил претседателски кандидат.

Фото: EPA-EFE/ENRIQUE GARCIA MEDINA

Новиот план на владата за реконструкција на краткорочниот долг, покажал дека земјата не е солвентна поради кризата поради која нема побарувачка во приватниот сектор за државните обврзници, појаснил тогаш Фернандез.

– Никој не го купува аргентинскиот државен долг, а никој не може ниту да го врати – изјавил тој.

Минатата сабота Фернандез добил политичка поддршка од Конгресот, преку усвојување на закон за вонредни економски мерки кои денеска стапуваат на сила.

– Мораме да ја завршиме праксата на штедење во долари – изјавил аргентинскиот претседател, мислејќи на навиката на Аргентинците да купуваат долари за да се заштитат од падот на вредноста на пезосот.

Аргентина има годишна инфлација од 55 осто и долг од речиси 90 отсто на бруто домашниот производ, пренесува АФП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот