„Отровен“ воздух во Кичево, измерени неверојатни 985 микрограми ПМ-10 честички на метар кубен

Загаден воздух / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Со почетокот на грејната сезона кон средината на минатиот месец, вредностите на воздухот во Кичево драстично пораснаа. Секојдневно количината на ПМ-10 честички во воздухот е за четири до пет пати над дозволените граници што изнесува 50 микрограми на метар кубен. Попладнево во градот биле измерени 985 микрограми ПМ-10 честички на метар кубен, што е за речиси 20 пати над дозволенита граница.

-Добро е познато дека нашиот град најголемото аерозагадување го има во периодот кога започнува грејната сезона,бидејќи над 95 проценти од населението се затоплува на фосилни горива и разбирливо е што аерозагадувањето е така високо.Дополнителен проблем е се погустиот сообраќај, бидејќи Кичево е мал град по површина, каде што има голема концентрација на автомобили, што дополнително ја влошува состојбата, вели Коце Наумоски, екологист и технолог, добар познавач на оваа проблематика.

Тој ги советува граѓаните како самите да си помогнат аерозагадувањето да биде помало, а нивното здравје подобро.

-Затоплувањето на домовите со огревно дрво и не е толкав проблем, колку што во најголем дел овие дрва се скоро пресечени и се со висока влага, што значи дека она што го испуштаат заедно со пепелта се директни причинители на зголеменото аерозагадување. Нека послужи за пример Швајцарија, каде е строго забрането огревно дрво да се користи пресечено во тековната година, туку треба да биде пресечено барем една година порано и да не поседува висок процент на влага, која е директен причинител за зголемено аерозагдување, додаде Наумоски.

На граѓаните им порача ако немаат вистинска причина да не излегуваат на отворен простор, особено тоа се однесува за постарите граѓани и хронично болните. Апелира, ако е тоа возможно, што помал број превозни средства да се користат во овој период од годината кога аерозагдувањето руши рекорди и што повеќе да се користат велосипеди.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот