ОТКРИЕНО каде Исус се појавил првпат после распнувањето

Фото: Профимедиа

Археолозите во Израел пронашле древнa тврдина која би можела да помогне во идентификација на градот Емаус, каде, според Новиот завет Исус прв пат се појавил после распнувањето и воскреснувањето.

Тим на француско-израелски археолози откриле древна хеленистичка тврдина во близина на Ерусалим, стара околу 2.200 години. Локалитетот веројатно бил изграден од генералот Бакуидес.

Од 2017 година, археолозите вршат ископување во Куириат-Јеарим, брдо што се наоѓа над Ерусалим, кое е неколку километри западно од градот, покрај градот Абу Гош. Во последните неколку месеци, научниците пронашле тврдина со ѕидови високи до три метри, како и остатоци од кули.

Куириат-Јеарим не се наоѓа во историските извештаи во кои детално се наведува списокот на тврдини кои се подигнати од Бакуидес, бар не под ова име. Меѓутоа, тие вклучуваат и неидентификувано место, кое се наоѓа некаде западно од Ерусалим.

Бидејќи нема други познати важни хеленистички тврдини западно од Ерусалим, археолозите предложиле брдото Куириат-Јеарим и градот Абу Гош да бидат идентифицирани како градот Емаус, создаден од Бакуидес.

„Авторите на истражувањето имаат добра археолошка, географска и топографска положба. Сепак, тоа и понатаму останува само хипотеза“, вели Бенџамин Исак, професор за древна историја на Универзитетот во Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот