Во Кина се откриени нови наоѓалишта на ретки минерали
Кина откри „значајни нови наоѓалишта“ на ретки земјени минерали, вклучувајќи флуорит и барит, во покраината Сечуан, соопшти Министерството за природни ресурси.
Препорачано
Значајни нови наоѓалишта на ретки земни минерали се потврдени во рударската област Маониупинг во округот Мианинг, според подружница на China Rare Earth Group.
Се проценува дека новооткриените минерали тежат 9,.66 милиони тони, при што количината е изразена како оксиди, што е стандарден начин за мерење на ваквите минерали во рударската индустрија.
Експертите истакнуваат дека откритието претставува важен придонес кон стратешките резерви на ретки минерали на Кина, но е и пример за успешно истражување на длабоки и маргинални наоѓалишта во геолошки сложени области.
Покрај ретките земни минерали, на истата локација беа потврдени големи наоѓалишта на флуорит и барит, проценети на 27,135 милиони и 37,228 милиони тони, што ги става во категоријата на екстремно големи наоѓалишта.
Ретките минерали се „витамини на индустријата, а флуоритот и баритот се нејзини главни столбови“, изјави новинската агенција Ксинхуа, цитирајќи го Ванг Денгхунг, директор на Институтот за минерални ресурси на Кинеската академија за геолошки науки.
Флуоритот е клучна суровина во голем број сектори, вклучувајќи ја воздухопловната, фармацевтската и електронската индустрија, инженерството и нуклеарната енергија, забележа Ксинхуа, објави Каматица.
Баритот главно се користи во дупчењето за нафта и гас, но е важен и во хемиската индустрија, како и во хемикалиите, полнењето хартија и дијагностичкото снимање во медицината.


