Откриена причината: Легендарниот спортист починал по есктремна диета, исклучително опасна за срцето

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Легендарниот австралиски играч на крикет Шејн Ворн почина од последици од срцев удар. Тој е една од најголемите легенди на крикет, а светот беше шокиран од веста за неговата смрт на 53-годишна возраст.

„Шејн е пронајден без знаци на живот во својата вила и покрај сите напори на медицинскиот персонал, не можел да биде реанимиран“, се наведува во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Niloy Hasan (@niloy1057)

Четиринаест дневна диета

По извршената обдукција, познати се и причините за смртта на спортистот. Во прашање е екстремна диета. Оваа диета и кај нас многумина ја практикуваат, бидејќи брзо дава резултати, но може да биде многу опасна за организмот.

Диетата со сокови е еден вид пост и не се препорачува секому. Во секој случај, овој режим треба да го избегнуваат луѓето кои имаат дијабетес, срцеви болести или слаб имунитет.

Пред неговата смрт, Ворн ја завршил двонеделната диета која се базирала само на сокови и чаеви за прочистување на токсините од телото.

Легендарниот Ворн ја практикувал „течната диета“ за прочистување на организмот, опасна за луѓето со кардиоваскуларни проблеми, особено поради фактот дека постојат луѓе кои имаат висок крвен притисок, атеросклероза или некоја друга болест на крвните садови, без да знаат.

Шејн Ворн пиел само „зелени и црни“ сокови за да го прочисти телото, објавил Џејмс Екрсин, неговиот менаџер.

– Ворн беше на строга диета 14 дена и пиеше само „зелени и црни сокови“, а користеше и чаеви за прочистување на телото – рекол Ерскин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hollywoods Times (@hollywoodstimes)

Познатиот кардиолог Гери Џенингс исто така потврдил дека таквите диети можат да направат компликации на срцето.

– Овие диети, кои претежно се базирани на течности, може да го изложат кардиоваскуларниот систем на дополнителен напор. Ако вашиот организам одеднаш има проблем со внесот на сол, течности и електролити, дури и мала срцева епизода може да предизвика многу посериозни последици – објаснил медицинскиот советник на британската Фондација за срце, професор Гери Џенингс.

Покрај сето тоа, Ворн бил пушач, неодамна прележал ковид-19 и веќе подолго време имал проблеми со вишокот килограми, но и срцеви проблеми.

„Кај него секогаш важеше правилото „сè или ништо“. Или јадеше лепчиња со путер и лазања или живееше само на сокови“, рекол негов пријател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richard Young (@richardyounggallery)


Шејн Ворн ненадејно почина на 4 март, во вила на Тајланд каде што бил на одмор, на 53-годишна возраст. Семејството ја прифати понудата еден од најдобрите играчи на крикет на сите времиња да биде погребан со државни почести во Австралија.

Да потсетиме, во јавноста Шејн покрај спортските подвизи и резултати ќе остане запаметен и по романсата со познатата британска актерка Елизабет Харли.

Ден по објавата дека Шејн починал, актерката напиша на Твитер: „Како сонцето засекогаш да зајде зад облаците. Почивај во мир сакана моја“.

Фото: EPA / JOE CASTRO

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот