Откриена мрачна вистина: Кралицата Елизабета и нејзината мајка со години криеле дека имаат роднини кои страдале од неизлечиви ментални болести

Instagram

Како и секоја сезона досега, популарната серија „The Crown“ во продукција на „Netflix“ носи драматични детали од животите на членовите на британското кралско семејство кои со години се „борат“ да ги заборават, како воопшто да не се случиле.

Има многу настани кои кралското семество до сега успешно се обидуваше да ги сокрие од јавноста. Сепак, фасцинантните продуценти на популарната серија „копале“ длабоко низ историјата наоѓајќи потресни детали од мрачното кралско минато.

Instagram
Елизабета и Маргарет / Instagram

Питер Морган открива драматични детали за двете први братучетки на кралицата Елизабета, кои ниту таа ниту нејзината мајка никогаш не потврдиле дека постoеле. Тие, како и остатокот од британското кралско семејство одлучиле да ги држат што е можно подалеку од јавноста, за потоа и да го негираат нивното постоење.

Постојат неколку верзии на оваа приказна. Продукцијата на серијата ги претставува како чисто отстранување на доказите дека проблеми со менталното здравје воопшто можат да се појават кај членовите со „сина“ крв. Скриените братучетки на кралицата, биле родени во ера кога децата со пречки во развојот биле „срамна тајна“ на семејството.

Profimedia
Кралицата Елизабета и принцезата Маргарет со нивната мајка / Profimedia

Сè се случило во 1941 година, кога две од петте братучедки на Кралицата Елизабета биле сместени во „Royal Earlswood“ – приватен кралски институт за ментални болести. Станува збор за Кетрин и Нериси Боус-Лион, чии проблеми со менталното здравје биле идентификувани уште во нивното рано детство. Тие потекнуваат од лозата на мајката на кралицата Елизабета, односно биле деца на нејзиниот постар брат Џон Боус-Лион.

Instagram
Кетрин и Нериси / Instagram

Британските медиуми тврдат дека токму мајката на кралицата Елизабета била „заслужна“ за целиот процес на „бришење на доказите“ за нивното постоење. Имено, во соработка со нејзината снаа, мајката на девојчињата, решиле да ги сместат во приватната установа и едноставно да им наредат на кралските биографи да запишат дека тие починале.

Profimedia
Profimedia

Целата приказна била едногласно прифатена од остатокот од семејството, додека некои дури и не знаеле за тоа. Кралицата Елизбета и нејзината сестра принцезата Маргарет дознале само неколку години подоцна. На сето ова, секогаш искрената, екстравагантна Маргарет веднаш се побунила. Но, нејзината мајка тогаш ѝ објаснила:

Нивниот професионално дијагностициран идиотизам и имбецилност би ги натерало луѓето да се сомневаат во интегритетот на кралската крвна линија… Дали можете да ги замислите насловите на весниците ако се дознае тоа? Што би рекле луѓето? Зарем не е доволно тоа што ни го направи чичко ви кога абдицираше? Уште колку повеќе срам му треба на нашето семејство пред јавноста?“.

Instagram
Принцезата Маргарет со нејзината мајка / Instagram

И покрај сите напори да се сокрие, приказната сепак стигнала до медиумите. Кога биле контактирани, членовите на кралството одбиле да дадат каков било коментар. Од установата каде што биле сместени двете сестри, само на кратко било потврдено дека девојките никогаш немале посети од нивните роднини, па дури ни од најблиското семејство.

Биографите на кралското семејство во своите книги напишале дека сестрите Кетрин и Нериса се мртви оправдувајќи се: „Ако некој ни ја кажеше вистината, ќе ја напишавме. Кој некогаш би ги довел во прашање зборовите на членовите на кралството, особено во тоа време?“.

Instagram
Сцени од серијата „The Crown“ / Instagram

Серијата „The Crown“ уште еднаш ја потсети светската јавност за постоењето овие девојки. Нериса, имала само 22 години кога била сместена во институцијата. Таа починала во 1986 година и никој од членовите на нејзиното семејство не се појавил на погребот. Истото се случило и во 2014 година, кога нејзината сестра Кетрин починала. И двете страдале од неизлечливи ментални болести, но зарем требало да биде избришано нивното постоење?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот