Откриена е причината зошто Елтон Џон се расплака и го напушти својот концерт пред неколку дена (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Познатиот музичар Елтон Џон (72) ќе земе дополнителни денови одмор по препорака на докторот, пред да ги одржи своите два преостанати концерти во Нов Зеланд – беше соопштено во понеделникот на 17 февруари.

Организаторите се огласија откако пејачот во неделата го прекина својот концерт и ја напушти сцената во солзи, бидејќи во еден момент му „пукна“ гласот.

Неговиот тим прво соопшти дека планираните два концерти на Елтон за вторник и четврток ќе бидат откажани, бидејќи во неделата му беше дијагностицирано благо воспаление на белите дробови.


Меѓутоа вчера беше соопштено дека наместо во вторник, концертот ќе се одржи во среда, за да може пејачот да одмори.

По два часа на сцената, Елтон во неделата на својата публика и рече дека потполно го изгубил гласот, а во тој момент се подготвуваше да го испее својот хит „Даниел“.

– Не можам да пејам, рече тој напуштајќи ја сцената со солзи во очите.

Елтон се огласи и на Инстаграм и на своите обожаватели им соопшти дека има дијагностицирано благо воспаление на белите дробови, но и покрај тоа ќе ги одржи закажните концерти.

– Сакам да се се заблагодарам на сите кои присуствуваа на вчерашната свирка во Окланд. Рано денеска ми беше дијагностицирано воспаление на белите дробови, но јас бев одлучен да ви го пружам најдоброто шоу, напиша пејачот на Инстаграм.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот