Елтон Џон го прекина концертот: Падна на клавирот и заплака! (ВИДЕО)

Прочуениот британски музичар Елтон Џон, го прекина денешниот концерт во Нов Зеланд откако го изгуби гласот.

Елтон Џон (72) го изгуби гласот на пола концерт во склоп на својата опростувачка турнеја „Yellow Brick Road“, откако паднал на главирот и започнал да плаче.

„Штотуку потполно го изгубив гласот. Не можам да пеам. Морам да идам. Жал ми е“, рекол видно потресениот Елтон.

Публиката музичарот го испрати со овации, додека со помошта на неколку асистенти, тој ја напушти сцената во Окланд.

Елтон Џон претходно е дијагностициран со таканареченото движечко воспаление на белите дробови.

Движечко воспаление на белите дробови или уште познато како атипична пневмонија, е вид на инфекција на белите дробови која е најчесто предизвикана од бактерии или вируси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот