Откако му пропадна мега пресметката со Фјури, Џошуа доби наредба да боксува со Усик

Ентони Џошуа ја прифати понудата на Тајсон Фјури за нов боксерски спектакл/Фото: EPA-EFE/SEAN DEMPSEY

Ентони Џошуа ќе мора да боксува против Украинецот Александр Усик, нареди ВБО, а двајцата боксери мора да се договорат за бокс мечот со 31. мај.

Џошуа требаше да боксува во август против Тајсон Фјури за обединување на титулите во тешка категорија, но тој меч нема да се одржи оваа година бидејќи американскиот суд му нареди на „кралот на циганите“, дека мора да го испочитува договорот и по трет пат во рингот да ги вкрсти ракавиците со Дионтеј Вајлдер.

Бидејќи Џошуа остана без противник, тој до вчера имаше рок да пронајде нов противник. Иако од тимот на Џошуа бараа тој рок да се продолгира до понеделник, нивното барање е одбиено по што денеска е соопштено дека нареден противник на шампионот во верзиите ИБФ, ВБА и ВБО ќе му биде Украинецот Александр Усик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот