Отфрлена пријавата за вознемирување против белгиската европратеничка Канко

Канко / Фото ЕП

Европретничката од редовите на белгиската националистичка Нова фламанска алиајнса (НВА), Асита Канко, објави дека Европскиот парламент ја отфрлил пријавата поднесена против неа со која беше обвинета за вознемирување на вработените во нејзиниот кабинет.

– Надлежната комисија, врз основа на сите аргументи, факти и резултати од истрагата, одлучи дека обвинувањата против мене за несоодветно однесување се неосновани. Претседателката на Европскиот парламент го прифати мислењето на оваа Комисија и ја отфрли пријавата, наведе Канко во писмената изјава, додавајќи дека сака „ова искуство да го остави зад себе“.

Канко, која е една од шесте потпретседатели на десничарската пратеничка група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и која е особено активна за прашањата поврзани со миграциската политика на ЕУ, во мај беше обвинета за воведување „култура на страв“ во нејзиниот кабинет, бидејќи на вработените им „издавала наредби кои биле невозможни да се исполнат“ и поставувала „несоодветни лични барања“.

Од друга страна, поднесителот на пријавата изјави дека ја прифаќа одлуката на Комисијата, иако не се согласува со нејзините заклучоци.

Прес-службата на Европскиот парламент официјално одби да ги коментира ваквите информации, нагласувајќи дека „овие истраги се доверливи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот