Остин и Резников разговарале за испораките на тенковите „Абрамс”

Фото: NARA & DVIDS Public Domain Archive

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин телефонски разговараше со украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников. Цел на разговорот била преземената обврска на САД за испорака на тенковите Абрамс на Украина.

Разговорот меѓу двајцата министри, исто така, претставува продолжение на минатонеделната средба на Контакт група за одбрана на Украина, која испорача досега невидено ниво на донации од сојузниците и партнерите.

Секретарот Остин и министерот Резников разговараа и за ситуацијата на теренот во Украина и се обврзаа да останат во близок контакт, се наведува во соопштението на американското Министерство за одбрана.

Американскиот претседател Џо Бајден, на вчерашната прес-конфренција, најави дека САД ќе испратат 31 тенк „Абрамс” во Украина, потенцирајќи дека помошта е наменета за да и се помогне на Украина да ја одбрани и заштити својата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот