Останува задолжителното носење заштитна опрема, миење на раце и одржување на потребната дистанца

Апелираме до граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19, напиша министерот за здравство, Венко Филипче.

Останува задолжителното носење заштитна опрема, миење на раце и одржување на потребната дистанца.

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки.

Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот