Османи во Прага: И Чешка очекува усвојување на уставните измени

Фото: МНР

Билатералните односи во изминатите три децении, како и недвосмислената и гласна чешка поддршка за пристапниот процес на Македонија во Европската Унија беа во фокусот на разговорите на министрите за надворешни работи на Чешка и на Македонија, Јан Липавски и Бујар Османи во Прага.

Како што соопшти МНР, министерот Липавски изразил надеж за што поскоро усвојување на уставните измени како единствена можност за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, истовремено нагласувајќи ја важноста регионот на Западен Балкан што поскоро да биде дел од ЕУ семејството.

– Го поздравуваме повикот од Чешка до институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за постепена и забрзана интеграција со државите од Западен Балкан, во насока на обезбедување опипливи придобивки за нашите граѓани – изјавил Османи кој престојува во работна посета на Чешка.

На средбата исто така се разговарало и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, чија цел е зачувувањето на безбедноста на европскиот континент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот