Османи: Европската перспектива ќе биде потврдена при создавањето на новото политичко мнозинство

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бујар Османи, денеска оствари средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар.

Како што соопшти СЕП, на средбата беше разговарано за текот на изборите и пост изборната атмосфера во насока на политичката стабилност на земјата, a во пресрет на почетокот на преговорите.

-Во сложени околности под притисок на предизвиците од пандемијата имавме фер, слободни и компетитивни избори на кои граѓаните покажаа политичка зрелост, потврдувајќи ја европската перспектива на земјата, истакна Османи, изразувајќи притоа надеж декае.

Како што посочи, на земјата и е потребна стабилна и функционална Влада, со европска перспектива, која ќе може адекватно да се подготви и да ги започне претстојните преговорите со ЕУ, како и да биде гарант за регионалната стабилност при решавање на важните регионални прашања.

Вицепремиерот изрази задоволство од постигнатиот консензус во ЕУ за повеќегодишната финансиска рамка, поздравувајќи го притоа и зголемувањето на средствата предвидени за земјите од Западниот Балкан за 10 отсто. Тоа, како што истакна Османи, само ја потврдува констатацијата дека Западниот Балкан сè повеќе се интегрира и сè повеќе станува внатрешно прашање на Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот