Османи: 52 нови случаи и 4 смртни случаи во рок од една ноќ

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, предмалку на Фејсбук објави дека има 52 нови случаи на заболени од коронавирус и 4 смртни случаи.

Подоцна потврда за ваквите информации стигна и од Министерството за здравство, од каде посочуваат дека двајца починати се од Скопје, еден е од Тетово и една жртва е од Велес. Двајца од заболените се во рамките на скринингот на градинките.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај.

Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1, Кочани-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487. Последната дистрибуција по градови е:

•    Скопје – 797, активни 240
•    Куманово – 448, активни 42
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип – 61, активни 26
•    Прилеп –211, активни 43
•    Тетово – 191, активни 69
•    Струга – 79, активни 11
•    Велес – 129, активни 30
•    Битола –28, активни 6
•    Охрид –23, активни 6
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –22, активни 4
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 3, активни 1
•    Крива Паланка- 6, активни 0
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 32, активни 1
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 3, активни 1
•    Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 0
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 0
•    Виница – 3, активни 1
•    Кратово-2, активни 0
•    Берово-1, активни 0
•    Свети Николе-1, активни 1.

Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.

Направените 661 теста се преку: ИЈЗ –289, Авицена –39, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -116  и МАНУ -112.  Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани  30 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот