Осамна фотографија со топката која му го спасила животот на Македонецот во грчкото море

Скриншот - ФБ\ Градоначалничката на Касандра, Анастасија Халкија

Градоначалничката на Касандра Анастасија Халкија на социјалните мрежи сподели фотографија од кожената топка која му го спасила животот на 30-годишниот Иван од Македонија кој цели 19 часа се борел против немирното море и големите бранови за да успее да остане на површината.

„Многу се радувам поради среќниот крај на младиот човек. Нашол топка која му го спасила животот бидејќи ја држел за да се одмори“, напиша таа во својата објава.

Претходно градоначалничката изјави дека момчето е во добра здравствена состојба. На патот кон болницата, тој и’ кажал дека топката му ја донел ветерот во морето, успеал да ја фатил и се држел за неа.

Голготата на младиот човек почна кога во саботата напладне тој на денот на својот роденден влегол во Егејското море со уште двајца свои пријатели, но силните морски струи ги повлекле во длабочината.

Неговиот 25-годишен пријател Васил беше спасен по кусо време благодарение на сурфер кој го забележал и се обидел да му помогне, но немоќен поради невремето ја упатил крајбрежната стража на местото.

Третото момче Мартин, се’ уште се води за исчезнато.

ВИДЕО од спасувањето на скопјанецот на Халкидики: Се трага по неговите двајца пријатели со кои славеле роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот