Општина Тетово се пофали дека го намалила долгот од 14 на 8 милиони евра, ама не кажа како

Фото: Слободен печат

Општина Тетово преку соопштение до јавноста иформира дека го намалила долгот на општината за шест милиони евра во однос на 2021 година. Во соопштението нема повеќе детали како е извршено намалувањето.

-По две години, новото раководство целосно ја промени финансиската состојба на општината. Во моментов Општина Тетово има долг од 8 милиони евра, додека во 2021 година имала 14 милиони. Овој финансиски успех означува важна пресвртница во управувањето со јавните средства и несомнена посветеност да се осигура дека секое евро оди за инвестиции и квалитетни услуги за нашиот град и граѓаните, информират од Канцеларијата за комуникации и односи со јавноста на Општина Тетово.

Во ноември 2021 година, кога ја презеде должноста градоначалникот Билал Касами информираше дека од вкупно 24 милиони евра долгови – 14 милиони се на името на Општина Тетово, Јавното комунално претријатие (ЈКП) Тетово должи 9,7 милиони евра, 187 илјади е долгот на ЈП Градски паркинг и 77 илјади евра должат училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот