Општина Тетово ќе казнува со 300 евра поединци кои оштетуваат табли и знаци

Тетово / Фото: МИА

Табла за зонско паркирање пред зградата на Општина Тетово е оштетена изминатата ноќ, па поради чести вакви вандалски постапки, локалната самоуправа најави дека ќе почне со пријавување на случаите до надлежните установи и казнување на сторителите. Често мета на несовесни постапки се сообраќајните знаци кои се оштетуваат или наградуваат.

-Сeкој ден сме сведоци на вандалски дејствија врз општина Тетово. Денешниот случај, демолирањето на таблите за зонско паркирање близу зградата на општината го докажува тоа. Секоја јавна штета е штета за сите граѓани и го оштетува буџетот на самите граѓани. Општина Тетово секое вакво дело ќе го достави до надлежните органи, и се надеваме дека сите овие случаи ќе бидат расчистени, а сторителите ќе бидат казнети согласно законот, се вели во соопштението од Општина Тетово.

За оштетување сообраќаен знак, според член 190 од Законот за безбедноста во патниот сообраќај, физичко лице се соочува со глоба од 300 евра во денарска противвредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот