Општина Кочани: Нема дозвола додека Обвинителството не се изјасни за изградба на хидроцентралата на Мала Река

Во моментов е замрзната постапката околу издавањето дозвола за малата хидроцентрала на Мала Река во непосредна близина на рекреативниот центар на кочанчани под Пониква и на акумулацијата Градче, изјави во телефонски разговор за „Слободен печат“ градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев.

Општина Кочани нема да ја издаде градежната дозвола на инвеститорот на малата ХЕЦ, ДИС Енергија од Скопје, додека надлежните органи не утврдат дали е запазена процедурата која му претходи на издавањето на дозволата за овој објект, вели Илиев.

Откако голем дел од кочанската јавност, како и членовите на Советот на Општината од сите политички провениенции јавно искажаа револт поради решението да се гради мала хидроцентрала на потокот кој се влева во акумулацијата ќе ја уништи природата и битно ќе го наруши биодиверзитетот и природниот предел околу Мала река, посебно бидејќи никој не ги консултирал за таквата одлука, Јавното обвинителство од Штип по претходно допрен глас покрена предистражна постапка за процедурата во која се издадени дозволите на градба на атрактивната туристичка дестинација – вештачкото езеро „Брана Гратче“ крај Кочани.

Кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство Кочани против Општина Кочани за злоупотреба на службена положба и овластување за истиот случај денес поднесе и еколошкото здружение Грин Орг. Во пријавата стои дека во неутврден период помеѓу 2015 и 2017 година, неидентификувано службено лице издало позитивно мислење од Општината за реализација на проектот мала хидроцентрала на Мала Река и не ја испочитувало законската обврска да спроведе јавна расправа. Градоначалникот Илиев и бројни членови на Советот на Општина Кочани во повеќе наврати изјавуваа дека никој не слушнал дека била одржана некаква јавна расправа за Мала Река, ниту пак слушнале дека некој присуствувал на неа, а уште помалку дека некој се изјаснил позитивно за градење на мала хидроцентрала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот