Општина Карпош: Оние кои сакаат да вршат дејности претстојниот викенд да се пријават на е-маил

Стефан Богоев / Фото: Општина Карпош

Од Општина Карпош информираат дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.

По новите одлуки на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, Општина Карпош ги информира сите фирми кои вршат достава на храна и лекови и веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење дејност и во полициски час, дека имаат важност и во претстојниот продолжен викенд (5, 6 и 7 јуни).

– Сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна/лекови, а до овој момент не се пријавиле, треба веднаш да пополнат пријава и да ја испратат на [email protected] во текот на денешниот ден, најдоцна до 18 часот, стои во соопштението.

Нерегистрираните земјоделци кои сакаат да вршат дејност во Општината, како и надвор од Карпош во околината на Скопје, за време на претстојниот викенд, да се пријават на [email protected], со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност, број на катастарска парцела и во кој период од полицискиот час ќе работат. Податоците да ги испратат во текот на денешниот ден, најдоцна до 18 часот.

Хранителите на бездомни животни и гулабарите, исто така, треба да се пријават на [email protected], до 18 во текот на денешниот ден, со име и презиме, живеалиште и период од денот кога би вршеле дејност, како и да го наведат потегот на кој ќе хранат бездомни животни.

Од Општина Карпош информираат дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.

– Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи. Секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот