Општина Карпош додели 80 пакети за социјално загрозените семејства

По повод 3 Ноември – Денот на Општина Карпош, локалната самоуправа денеска додели 80 пакети со трајни прехранбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција за своите сограѓани кои се наоѓаат во социјален ризик.

Седумдесет пакети ќе бидат поделени на домаќинства во социјален ризик, пет пакети на СОС Детско село, а пет пакети на Геронтолошки завод „13 Ноември” (во Злокуќани). Акцијата е спроведена во соработка со Црвениот крст на Град Скопје.

Како што истакна денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, за 20 отсто е зголемен бројот на лица кои се пријавуваат во општината како социјално загрозени.

– Ние во повеќе наврати изминатиов период даваме помош на оние на кои им е најпотребно. Дониравме крвни единици, доделивме еднократна социјална помош, како и заштитни маски за граѓаните кои живеат во поруралните средини. Оваа светска пандемија повикува на одговорност, но и на поголема хуманост и солидарност на секој еден од нас, рече Богоев.

Генералниот секретар на Црвен крст, Саит Саити изјави дека соработката меѓу Општина Карпош и Црвениот крст секојдневно се интензивира. Исто така, пунктот за бездомни лица во Момин Поток обезбедува згрижување и топол оброк за луѓето од оваа социјална категорија. Подготовката на волонтерите е на високо ниво и тие секојдневно работат со оние кои се најпогодени.

На денешната средба градоначалникот Богоев и службите за социјална заштита на Општината предложија и организирање на акција за собирање на облека, во која ќе биде вклучена општинската администрација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот