Општина Гази Баба ќе субвенционира дел од трошоците за чистење на оџаци

оџак
Чистење на оџаци, Фото: Архива

Општина Гази Баба распиша јавен повик за субвенционирање на домаќинствата за надоместување на дел од трошоците за чистење на оџаци за 2022 година.

-Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Гази Баба, е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Јавниот повик ќе трае од 30.07.2022 година до (заклучно со) 30.11.2022 година, односно до исцрпување на финансиски средства обезбедени за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2022 година.

Оваа мерка се реализира за прв пат во општина Гази Баба и е уште едно реализирано ветување кое го дадов пред граѓаните.Ги повикувам граѓаните да аплицираат – истакна Стефковски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот