Општина Чаир ќе додели 12.000 евра помош за Албанија

Општина Чаир ќе додели 720.000 денари (12.000 евра) финансиска помош за погодениот регион од земјотрес во Албанија, одлучи денеска на вонредна седница Советот на Општина Чаир.

– Освен оваа финансиска помош, денеска собираме и потребни материјали кои во текот на денот ќе бидат испратени во Драч и неговата околина, како што се: ќебиња, медикаменти, прехрамбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства, опрема и средства за отстранување на урнатини и друго, информира градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, заблагодарувајќи им се на советниците за брзата мобилизација.

Од општината информираат кон хуманитарната иницијатива за обезбедување помош се придружиле многу домашни компани како: Ефтинија Импекс, Херба, Луто Комерц, Хост МК, Баст Тути Фрути, Буши Ресорт и Риа Transfer Money.

– Се надеваме дека оваа мобилизација ќе биде мотив многу компании да се приклучат и да помогнат, велат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот