Општина Аеродром ангажира 12 лица за општинско-корисна работа – Слободен печат
ВестиСкопје

Општина Аеродром ангажира 12 лица за општинско-корисна работа

Како што посочуваат од Општината, целта на проектот е асистентите преку помагање и грижа за ученици и стари лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд

Општина Аеродром од овој месец ангажира 12 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и тројца помагатели на 30-ина стари лица.

Од Општината информираат дека асистентите и помагателите се ангажирани преку програмата за општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации” во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.

-Овие лица имаат ангажман од 20 часа неделно за период од шест до девет месеци и за тоа ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.

Како што посочуваат од Општината, целта на проектот е асистентите преку помагање и грижа за ученици и стари лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close