Опозиција: Власта се обидува да го сокрие економскиот неуспех преку кризата на северот

Фото МИА.мк

Пратениците од опозициските ДСК и АБК сметаат дека оценките на министерот за финансии Хекуран Мурати за економскиот раст се погрешни и дека Владата на Косово се обидува да ја минимизира економската штета што му ја нанесе на Косово со кризата на северот, пренесува Репортерс.
Пратеникот на ДСК, Бесијан Мустафа, рече дека Мурати се обидел да прикаже успех во економијата без да ја споредува состојбата со истиот период од претходните години.

„Мурати направи основна, елементарна грешка при пресметувањето на бројките, обидувајќи се да го претстави вториот квартал од оваа година како успешен. Но, заборави да ги спореди првите три месеци од оваа година, вклучително и споредбата на првите шест месеци од оваа година со претходните години“, рече тој. Мустафа, додава дека инвестициите во првите шест месеци од 2023 година се значително помали од претходните години.

Пратеникот на АБК, Тиме Кадријај, рече дека во Косово има стагнација што се однесува до странските инвестиции.

Преку кризата што ја создаде на север, оваа влада се обидува да ги минимизира штетите што и ги нанесе на државата или преку капитални инвестиции или со невложување во образованието, здравството и сите други ресори“, рече Кадријај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот