Опожарено возило во Прилеп, во Куманово залутан куршум заврши во автомобил

Фото: Илустрација

Вчера околу 19 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во Прилеп било опожарено патничко возило „мерцедес б180″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на 41 годишник од Прилеп.

Повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Околу 03.15 часот по полноќ во СВР Куманово, 24 годишник од Куманово пријавил дека неговото патничко моторно возило „цитроен” со кумановски регистарски ознаки, паркирано на ул.„Народна Ревоулција” во Куманово, било оштетено од залутан куршум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот