ОН не ja усвои резолуцијата за прекин на војната: Кина и Русија ставија вето

epa11236391

Резолуцијата на САД не помина – Русија и Кина ставија вето и Советот за безбедност на ОН не го усвои американскиот документ со кој се бара итно и трајно примирје во војната меѓу Израел и Хамас во Газа за да се заштитат цивилите и да се дозволи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиона гладни луѓе.

Како што јавува „Асошиетед прес“ (АП), во 15-члениот Совет за безбедност 11 члена гласале „за“, тројца „против“ и еден бил воздржан.

Пред гласањето рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, рече дека Москва поддржува итен прекин на огнот, но го доведе во прашање јазикот на резолуцијата и ги обвини американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и американската амбасадорка, Линда Томас-Гринфилд, за заблуда на меѓународната заедница поради политизирани причини, според АП.

Шпанија, Ирска, Малта и Словенија се согласија да работат на признавање на палестинската држава. Како што пренесува „Ројтерс“, Шпанија се договорила со лидерите на Ирска, Малта и Словенија да ги направат првите чекори за признавање на палестинската држава, изјави во петокот шпанскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот