ОН: Двете страни се согласија за траен договор за прекин на огнот во Либија

Обединетите нации денеска соопштија дека двете страни во либиските воени преговори постигнале историско достигнување за траен договор за прекин на огнот.

По преговорите водени оваа недела од претставничката на ОН Стефани Турко Вилијамс , заедничката воена комисија 5 + 5 го постигна она што ОН го нарекоа важна пресвртница кон мирот и стабилноста во Либија.

Двете страни учествуваа на церемонијата на потпишување на договорот утрово во Женева.

– Патот до траен договор за прекин на огнот честопати беше долг и тежок, рече Вилијамс, поранешен службеник на американскиот Стејт департмент, на арапски јазик на церемонијата на потпишување.

Таа додаде дека претстои многу работа во наредните денови и недели за да се спроведат обврските од договорот.

Вилијамс ја истакна и потребата да се продолжи со работата што е можно поскоро со цел да се ублажат многу проблеми предизвикани од конфликтот со кој се соочува либискиот народ.

– Мораме да им дадеме на луѓето надеж за подобра иднина, додаде Вилијамс.

Али Абушахма, шеф на делегацијата и теренски командант на администрацијата поддржана од ОН во Триполи, рече дека имало многу страдања и доволно крв.

– Се надеваме дека ќе ги промениме страдањата на сите територии во Либија, особено на југот, истакна Абушахма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот