ОН: До 2050 година светската популација ќе достигне 9,7 милијарди жители

фото: Flickr.com

Обединетите нации објавија истражување во кое се вели дека населението во светот е се постаро, а бројот на жители расте со побавно темпо и се очекува во 2050 година да достигне 9,7 милијарди од сегашните 7,7 милијарди луѓе.

Во најновиот извештај на одделот на ОН за економски и социјални работи се предвидува светската популација да го достигне својот врв од речиси 11 милијарди до крајот на овој век.

Директорот на тој оддел Џон Вилмот, сепак, укажува на тоа дека 2100 година е далеку и оти таквиот исход не е сигурен, како и да тоа дека врвот може да се случи „подоцна или дури и порано, со помал или поголем број на луѓе”.

Проекциите покажуваат дека девет земји ќе бидат „одговорни” за повеќе од половина од очекуваниот раст на бројот на жители, од денес до 2050 година, а тоа се: Индија, Нигерија, Пакистан, Конго, Етиопија, Танзанија, Индонезија, Египет и САД.

Во Африка се очекува бројот на жители речиси двојно да се зголеми во 2050 година.

Исто така, се вели дека светската популација старее поради очекуваниот подолг животен век и намалување на плодноста.

Се очекува дека во периодот меѓу 2019 и 2050 година, населението да се намали за еден или нешто повеќе проценти во повеќе од 55 земји или области, од кои во 26 може да дојде до намалување најмалку 10 отсто.

– Во Кина, на пример, се проценува дека во периодот меѓу 2019 и 2050 година, населението ќе падне за 31,4 милиони жители, што е околу 2,2 отсто – се вели во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот